Соборениот лидер на режимот Баас во Сирија, Башар ал Асад, во својата прва изјава по бегството од земјата, изјави дека за време на конфликтот се засолнил во руска база, од каде понатаму бил однесен според инструкциите од Москва.
Ова Асад го истакна во писмена изјава на официјалните профили на социјалните мрежи на соборениот режим.
Тврдејќи дека за изјавата му требало време од безбедносни причини, Асад дека неговото бегство од Сирија не било планирано и дека тој продолжил со своите обврски, останувајќи во Дамаск до утрото на 8 декември.
Според Асад, кога опозицијата стигнала во Дамаск, тој отишол во Латакија за да управува со судирите во координација со Русија, а кога пристигнал во воздухопловната база Хмејмим, станало јасно дека режимските сили ја изгубиле својата воена позиција.
Тврдејќи дека и руската воена база во која се засолнил била нападната со беспилотни летала, Асад објави дека вечерта на 8 декември Москва и наредила на командата на воздухопловната база Хмејмим да организира негова итна евакуација во Русија.
Асад, исто така, тврди дека никогаш не размислувал за повлекување или барање азил.