Белорускиот министер за одбрана, Виктор Хренин, денес изјави дека е очигледна можноста за директен воен судир со НАТО во иднина.
Говорејќи на Московската конференција за меѓународна безбедност, Хренин истакна дека Западот во последно време активно инвестира во производството на оружје, и дека „во капиталистичкиот свет“ никој не троши пари ако не очекува профит.
„Затоа, заклучокот е недвосмислен: можноста за директен воен судир со НАТО во иднина станува многу очигледна“, нагласи тој.
Белорускиот министер рече дека единственото нешто што ги спречува западните сили да не започнат војна од големи размери е заканата од нуклеарен одговор на нивните дејствија.
„Не е случајно што Република Белорусија го смета враќањето на тактичкото нуклеарно оружје на своја територија како ефикасен фактор на стратешкото одвраќање“, нагласи тој.
Кон крајот на мај, министрите за одбрана на Русија и Белорусија потпишаа договор за распоредување на руско нуклеарно оружје во Белорусија.
Рускиот претседател Владимир Путин истакна дека потегот е одговор на зголемените безбедносни ризици, нагласувајќи дека Москва ги следи САД, кои го распоредија своето тактичко нуклеарно оружје во европските земји.
Белорусија е сојузник на Русија, која започна „специјална воена операција“ во Украина во февруари 2022 година. Западот го поддржа Киев обезбедувајќи економска, воена, како и хуманитарна помош, но се воздржа од директно влегување во конфликтот.