Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Туркије ќе го „одработи својот дел од работата“ кога е во прашање членството на Финска во НАТО.
„Каков и да е процесот, ние ќе го водиме. Ќе го направиме својот дел од работата. Ќе го одржиме ветувањето“, рече Ердоган пред новинарите по состанокот на парламентарната група на Партијата на правдата и развојот (АК Партија) во Големото народно турско собрание. По состанокот со финскиот претседател Саули Нинисте во петокот во Истанбул, Ердоган рече
„Ќе се состанеме со финскиот председател Саули Нинисте и ќе го исполниме даденото ветување“.
Нинисте ќе ја посети Туркије од 16 до 17 март, соопшти Дирекцијата за комуникации при Кабинетот на претседателот на Туркије.
Ердоган и Нинисте ќе разговараат за сите аспекти на билатералните односи и чекорите кои можат да се преземат за унапредување на соработката.
Тие исто така ќе разменат мислења за минатогодишниот самит на НАТО во Мадрид, настојувањето на Финска за членство во НАТО, односите на Туркије и ЕУ и регионалните и за меѓународните прашања, се наведува во соопштението.
Шведска и Финска официјално поднесоа барање за приклучување во НАТО во мај минатата година, напуштајќи го децениското воено неврзување, што е одлука поттикната од руската војна против Украина, која почна на 24 февруари во 2022 година.
Меѓутоа, Туркије, која е членка на НАТО повеќе од 70 години, изнесе приговори, обвинувајќи ги овие две држави дека толерираат па дури и поддржуваат терористички организации, вклучувајќи ги терористичката организација ПКК и терористичката организација ФЕТО, која стои зад обидот за државен удар во Туркије на 15 јули во 2016 година.
Во јуни минатата година, Туркије и двете нордиски држави потпишаа меморандум на самитот на НАТО за да се посветат на легитимните безбедносни грижи на Анкара, отворајќи го патот на нивното конечно членство во алијансата.
Во меморандумот, Шведска и Финска се согласија дека нема да пружаат поддршка на ЈПГ/ПЈД и ФЕТО, деќа ќе ги спречат сите активности на терористичките организации, испорачувајќи ги осомничените за тероризмот, да воведат нови закони за казнување на терористичките злосторства и дека нема повеќе да спроведуваат национален ембарго на оружје помеѓу трите држави.
Иако го усвои законот за измени на законот за борба против тероризмот и отстранување на ембаргото на оружјето на Туркије, Шведска допрва треба да ги исполни деловите на договорот кој се однесуваат на спречување на терористичките активности и испорачување на Анкара на осомничените за тероризам.
Претходно турскиот претседател рече дека Туркије би можела „поинаку“ да одговори на кандидатурата на Финска за НАТО што би можело да ја „шокира“ Шведска.