Американскиот „Боинг“ објави договор за купување на авиокомпанијата „Спирит аеросистемс“ за околу 4,7 милијарди долари.
„Боинг“ ќе плати 37,25 долари по акција за „Спирит аеросистемс“, за вкупна трансакција вредна приближно 8,3 милијарди долари, вклучувајќи го и неодамна објавениот нето-долг на компанијата.
„Ова стекнување ќе ги вклучи главно сите комерцијални операции поврзани со Боинг, како и дополнителни комерцијални, одбранбени и постпазарни операции“, соопштија од „Боинг“.
Како дел од трансакцијата, „Боинг“ ќе работи со „Спирит“ за да обезбеди континуитет на операциите што ги поддржуваат клиентите на „Спирит“ и програмите што ги стекнува, вклучително и соработката со американското Министерство за одбрана и одбранбените клиенти на „Спирит“ за одбранбени и безбедносни мисии, соопштено е од „Боинг“.
„Ние веруваме дека овој договор е во најдобар интерес на нашите клиенти, авиокомпаниите, вработените во Спирит и Боинг, нашите акционери и Владата“, рече Дејв Калхун, извршен директор на „Боинг“.