Борел: ЕУ носи важна одлука за мисијата за обука на украинската војска    Фото: AA

Министрите за надворешни работи на Европската унија (ЕУ) се очекува да дадат зелено светло за украинска воена обука на состанокот во Брисел.

„Министрите ќе донесат важна одлука во врска со покренувањето на мисијата за обука на околу 15.000 украински војници“, рече пред новинарите високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Џозеп Борел.

Поздравувајќи го повлекувањето на Русија од Херсон како многу добра вест, тој ја нагласи потребата меѓународната заедница да продолжи да ја поддржува Украина.

За можноста на нови санкции кон Русија, Борел рече дека таквите мерки не се на дневен ред на состаноците.

Тој додаде дека на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ ќе стане збор и за ситуацијата на Западен Балкан и Иран.

Според Борел, главен фокус во текот на состанокот на министрите за одбрана на ЕУ утре ќе биде на Украина.

TRT Balkan / агенции
Популарни