Непознато е колкав бил вкупниот број на мигранти кои се качиле на бродот / Photo: AA

Бројот на загинати од потонувањето на рибарскиот брод преполн со мигранти кај брегот на југозападна Грција се искачи на 79.

Најмалку 104 мигранти се спасени, но се стравува дека бројот на загинати ќе се зголемува бидејќи преживеаните рекоа дека бродот превезувал до 700 мигранти, главно, од Пакистан, Египет и Сирија.

Некои од преживеаните изјавија дека меѓу патниците имало и многу жени и деца. Грчката крајбрежна стража истакна дека е тешко да се одреди точно колку мигранти имало на бродот.

Инцидентот се случи на околу 47 наутички милји (околу 54 милји) југозападно од градот Пилос. Бродот, наводно, тргнал од регионот Тобрук во североисточна Либија, лоциран на Средоземното Море, на оддалеченост од над 300 наутички милји, упатувајќи се кон Италија кога се превртел во меѓународните води.

TRT Balkan / агенции
Популарни