Бројот на загинати во експлозијата во Дагестан се искачи на 35 лица / Photo: AA

Бројот на загинати во силната експлозија на бензинска пумпа во рускиот кавкаски регион Дагестан се искачи на 35, а 115 други лица се повредени, соопшти Министерството за здравство на земјата.

„Телата на уште пет жртви се пронајдени за време на расчистувањето на урнатините на местото на експлозијата во градот Махачкала“, се вели во соопштението на Министерството.

Се додава дека 11 лица, од кои две деца, се во тешка здравствена состојба.

„Експлозијата, што се случи синоќа, предизвика голем пожар кој се прошири на површина од повеќе од 600 квадратни метри“, изјави гувернерот на регионот Сергеј Меликов.

„Се утврдуваат причините и природата на експлозијата. Според првичните податоци, цистерните кои стоеле пред бензинската пумпа експлодирале, по што избувнал пожар“, изјави Меликов.

Гувернерот најави прогласување вонредна состојба во областа Кумторкалин, каде што се случи инцидентот.

Во гаснењето на пожарот учествувале повеќе од 70 лица.

По инцидентот властите на Дагестан прогласија ден на жалост.

Подигната е кривична постапка за давање услуги што не ги исполнуваат безбедносните услови.

Рускиот претседател Владимир Путин им изрази сочувство на роднините на жртвите, а на повредените им посака брзо закрепнување.

TRT Balkan / агенции
Популарни