Ју и неговиот колега Луо Јонг решиле да одат пеш по планинскиот терен.         Фото: Ројтерс

Маж кој беше пријавен за исчезнат по земјотресот во кинеската југозападна провинција Сечуан по 17 дена е пронајден жив , објавија локалните медиуми.

Станува збор за 28-годишниот вработен во хидроцентралата Ган Ју, кој беше пријавен за исчезнат по земјотресот со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала што го погоди Сечуан на 5 септември. Во земјотресот загинаа 93 лица, а стотици беа повредени.

Ју им пружил прва помош на своите колеги и помогнал да се спречат поплави со испуштање вода од браната, објави Кинеското национално радио. Тој бил придружуван од неговиот колега Луо Јонг, со кого останал во станицата еден ден без храна и без сигнал на мобилен телефон.

Решиле да одат пешки по планинскиот терен. Но, Ју ги изгубил очилата и се борел да се движи по планинскиот терен, јавуваат локалните медиуми.

Тие на крајот решиле да се разделат, при што Јонг нашол помош, а Ју останал сам.

Спасувачите го пронашле Јонг на 8 септември, но кога се вратиле на местото каде што го го оставил Ју, него го немало.

Наоѓајќи само фрлена облека и отпечатоци од стапала, спасувачите стравуваа дека Ју починал. Сепак, Ју беше пронајден од локален фармер.

Ју рече дека преживеал 17 дена јадејќи диво овошје. Тој бил пренесен во блиската болница, а лекарите констатирале дека има неколку скршеници.

TRT Balkan / агенции
Популарни