FILE PHOTO: Senate Judiciary Committee hearing on online child sexual exploitation, at the U.S. Capitol in Washington / Photo: Reuters

Марк Цукерберг, основачот на Фејсбук и извршен директор на матичната компанија Мета, излезе со тврдење дека администрацијата на Бајден вршела притисок врз компанијата да „цензурира“ специфична содржина на КОВИД-19 за време на пандемијата.

„Во 2021 година, високи функционери од администрацијата на Бајден, вклучително и Белата куќа, постојано вршеа притисок врз нашите тимови со месеци да цензурираат одредени содржини за КОВИД-19, вклучувајќи постови со хумор и сатира, и кога не се согласувавме покажуваа голема фрустрираност со нас“, рече Цукерберг во изјавата.

Тој рече дека ја донеле конечната одлука да ја отстранат содржината и да преземат одговорност за промените во политиките за објави за КОВИД-19 под извршениот притисок.

„Верувам дека владиниот притисок беше погрешен и жалам што не бевме поотворени за тоа“, рече тој.

„Силно чувствувам дека не треба да ги компромитираме нашите стандарди за содржина поради притисок од која било власт во која било насока - и ние сме подготвени да пружиме отпор ако нешто вакво се случи повторно“, додаде тој.

Цукерберг, исто така, потврди дека нема да обезбеди дополнителни средства за поддршка на изборниот процес преку иницијативата на сопругата Чан Цукерберг и нивната невладина организација.

„Мојата цел е да бидам неутрален и да не играм улога на овој или оној начин - или дури и да изгледам дека играм некоја улога. Затоа не планирам да дадам слична донација во овој циклус“, рече тој.

Тој објасни дека претходните донации биле сфатени како „корист на едната партија над другата“.

„Марк Цукерберг само што призна три работи: 1. Власта на Бајден-Харис „вршеше притисок“ на Фејсбук да ги цензурира Американците. 2. Фејсбук ги цензурираше Американците, објави Комитетот за правосудство на Претставничкиот дом на САД кој е предводен од Републиканската партија.

AA
Популарни