Најголемата европска нуклеарна електрана во Европа, која што се наоѓа во Украина, е под контрола на руските сили и во повеќе наврати е гранатирана.       Фото: Ројтерс

Мисијата на Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA) оваа недела ќе ја посети нуклеарната централа Запорожје во Украина.

„Дојде тој ден, мисијата на ИАЕА за поддршка и помош на Запорожје - ИСАМЗ е на пат. Мораме да ја заштитиме безбедноста на најголемата нуклеарна постројка во Украина и во Европа“, наведе на Твитер генералниот директор на ИАЕА, Рафаел Мариано Гроси.

Најголемата нуклеарна електрана во Европа, која што се наоѓа во Украина, е под контрола на руските сили и во повеќе наврати е гранатирана. Тоа предизвика загриженост за можна нуклеарна катастрофа.

Обединетите нации (ОН) минатата недела соопштија дека се во тек подготовки за испраќање тим на ИАЕА во инспекција на ситуацијата во Запорожје и дека се чека одобрение и безбедносни гаранции од двете спротивставени страни.

Одлуката дојде откако украинскиот претседател Владимир Зеленски ја повика ИАЕА да има постојано присуство на експерти во нуклеарната постројка во Запорожје.

AA
Популарни