Ден на маријачите во Мексико / Photo: AA

По повод Денот на маријачите, кој се слави секоја година на 21 јануари во Мексико Сити, главниот град на Мексико, музичарите излегуваат на сцената на повеќе локации во градот, презентирајќи им ја на публиката музиката на маријачите.

Маријачи, регионален музички жанр на народна музика кој датира од 19 век, во 2011 година беше вклучен во листата на нематеријално културно наследство на УНЕСКО. Со своите традиционални инструменти и изведби во живо, Денот на маријачите нуди културна забава за туристите и локалното население.

Маријачи

Маријачите претставуваат типичен мексикански музички ансамбл. Современиот оркестар од маријачи се состои од 7 до 12 музичари, понекогаш до 20, кои свират на гитари, вијуели (петожичена гитара со висок тон), гитарони (голема бас-гитара), виолини, труби, а понекогаш и маракас (наречен румба-шејкер или чак-чак). Маријачите ги придружуваат и пејачи солисти. За време на музичката изведба маријачите пеат во хор или солистички.

До крајот на 19 век маријачите немале посебна облека, туку носеле едноставна облека. Во 1940-тите години маријачите почнале да носат елегантна, украсена облека. Нивната гардероба се состои од: каубојски чизми, широко сомбреро, тесни панталони извезени со сребро и детално извезено кратко сако. Во почетокот овие костуми биле црни со сребрени украси, додека денес костумите честопати им се бели, беж или темноцрвени.

AA
Популарни