Земјите членки се обврзале до 2030 година да го намалат количеството фрлена храна     Фото: AA

Во Европската унија биле фрлени 57 милиони тони храна, покажува истражувањето на Евростат спроведено во 2020 година. Ако се погледнат податоците по глава на жител, на ниво на ЕУ се фрлаат 127 килограми храна. Најмногу храна по глава на жител се фрла во Грчката администрација на Јужен Кипар (397 килограми), Данска (221 килограм) и Грција (191 килограм).

Најмалку храна по човек фрлаат Словенците 68 килограми и Хрватите 71 килограм. На европско ниво, повеќе од половина од фрлената храна, односно 55 проценти е од домаќинствата.

Европратеничката известувач во Европскиот парламент oд редот на социјалдемократите, Билјана Борзан предупредува дека 10 проценти од целата храна што доаѓа на европскиот пазар завршува како отпад. И тоа во ситуација кога храната е се поскапа поради инфлацијата и војната во Украина. Според Борзан земјите од ЕУ се обврзале да ги намалат овие количини до 2030 година.

„Ова е нешто што беше незамисливо за генерацијата на нашите баби и дедовци. Неопходно е да се преземат систематски мерки за подобрување на состојбата, на пример, да се олесни донирањето со отворање банка за храна, да се едуцираат граѓаните за вредноста на храната и роковите на храната да бидат поразбирливи за граѓаните“, рече Борзан. известувач во ЕП за намалување на отпад и зголемено донирање на храна.

Борзан смета дека за производство на храна се трошат вредни и ограничени ресурси како работна сила, гориво, вода и земја и граѓаните не смеат да си дозволaт фрлање храна.

Според истражувањето спроведено од хрватското Министерство за економија и одржлив развој во 2021 година, во Хрватска се фрлаат 53,6 килограми храна по глава на жител (вклучувајќи го и делот од храната што не може да се јаде како што се лушпи од јајца, лушпи од компири, коски итн.) или 22 килограми ако се смета делот што може да се јаде, односно отпадот кој може да се избегне.

Најмногу отпадоци од храна се фрлаат во Приморје и Горски Котар Далмација и Истра, покажуваат податоците на Министерството за економија. Населението од двата крајбрежни региони поретко користи остатоци од оброк за подготовка на нов, а значително почесто фрла храна со поминат рок.

TRT Balkan / агенции
Популарни