Десничарот Барт Де Вевер денес официјално ја презеде функцијата нов премиер на Белгија откако постигна коалициски договор по седуммесечни преговори.
Договорот беше финализиран доцна во петокот и ова е првпат федералната белгиска Влада да биде предводена од фламанската националистичка партија Н-ВА.
Педесет и четиригодишниот Де Вевер положи заклетва пред кралот Филип на церемонија во кралската палата во Брисел. Веднаш по положувањето на заклетвата се очекува Де Вевер да се приклучи на состанокот на лидерите на ЕУ за да се вклучи во дискусиите за одбраната и трансатлантските односи.
Новата коалициска Влада е составена од пет партии, три партии од Фландрија (холандското говорно подрачје) и две од Валонија (француско говорно подрачје).
На Новата фламанска алијанса (Н-ВA) на Де Вевер ѝ се придружија и центристичките христијано-демократи и левичарскиот Вораут (Напред) во Фландрија, а центристичкото Ле Енгаже и Реформистичкото движење од десниот центар ја претставуваат Валонија.
Заедно тие имаат тесно мнозинство од 81 место во белгискиот Парламент од 150 места.