Шестогодишно девојче, врз кое падна крст за време на велигденска служба во црква, почина во Анс, Франција. Според соопштението на Обвинителството во регионот, христијанските верници во градот Анс се собрале во црква да присуствуваат на велигденска служба.
За време на службата, дрвен крст долг 2 метри паднал на главата на малото девојче кое играло пред прозорецот во просторот за посетители. 6-годишното девојче кое било тешко повредено, починало во болница. Обвинителството започна истрага во врска со случајот.
AA