Две големи болници во јужните предградија на Бејрут повеќе не се оперативни откако израелските сили извршија воздушни напади во текот на ноќта кои сериозно ги оштетија објектите, изјави во понеделникот либански медицински извор.
Според информациите болницата Света Тереза и болницата Ал Расул Ал Азам се нефункционални поради израелските воздушни напади.
Ал Расул Ал Азам е една од најголемите болници во либанскиот главен град, додаде изворот.
Израел спроведува немилосрдни воздушни напади од 23 септември врз какош што тврди дека се цели на Хезболах низ Либан.
Воздушната кампања беше ескалација на едногодишниот конфликт меѓу Израел и Хезболах од почетокот на бруталната офанзива на Тел Авив врз Појасот Газа, во која загинаа речиси 41.900 луѓе, главно жени и деца, по нападот на Хамас во октомври минатата година.
Поради израелските напади врз Либан, според либанските власти, оттогаш се убиени најмалку 2.036 луѓе, над 9.500 се повредени, а 1,2 милиони други се раселени.
И покрај меѓународните предупредувања дека регионот на Блискиот Исток е на работ на регионална војна поради немилосрдните напади на Израел врз Газа и Либан, Тел Авив го прошири конфликтот со започнување на копнена инвазија во јужен Либан.