Две лица загинаа во израелски напад врз возило во Jужен Либан / Photo: AA Archive

Две лица загинаа во израелски воздушен напад извршен врз возило на патот кон Накура, пограничен град на југот на Либан.

Либанското Министерство за здравство објави писмено соопштение во кое се вели:

„Две лица загинаа во воздушен напад што го изврши непријателот Израел врз возило во градот Накура.“

Претходно во веста, која ја објави либанската официјална новинска агенција ННА, беше наведено дека беспилотно летало како цел имало возило што се движело по патот Ан-Накура.

Од Либан е погодена куќа во Северен Израел

Во веста на израелската јавна радиодифузна корпорација КАН се вели дека куќа во населбата Авивим во израелската област Горна Галилеја била погодена од противтенковска ракета истрелана од Либан.

Во веста се истакнува дека во споменатото населено место е предизвикана голема материјална штета.

Израелската телевизија Канал 12 објави дека од Либан биле истрелани повеќе ракети кон многу населени места во северниот дел на Израел, но не се дадени повеќе детали во врска со нападот.

Судирите и меѓусебните напади меѓу израелската армија и либанскиот Хезболах продолжуваат на граничната линија од 8 октомври 2023 година.

AA
Популарни