Полицијата уште ги истражува мотивите за нападите / Photo: AA

Три лица загинаа, меѓу кои и 14-годишно девојче во вчерашниот вооружен напад на 32-годишен маж во Ротердам, Холандија. Градоначалникот на Ротердам Ахмед Абуталеб и началникот на полицијата Фред Вестербеке и се обратија на јавноста во врска со инцидентот.

Вестербеке рече дека 32-годишниот осомничен, кој живее во Ротердам, извршил два вооружени напади едно по друго за кусо време.

Тој додаде дека напаѓачот го извршил првиот напад во куќа во населбата Хајман Дулаертплејн каде што живеел.

Во тој напад била убиена 39-годишна жена, а ранета нејзината14-годишна ќерка. Таа била префрлена во болница, каде што подоцна починала. Вестербеке рече дека напаѓачот за време на нападот ја запалил куќата.

Како што рече Вестербеке, вториот напад се случил во училницата на Универзитетската болница Еразмус, на 1,5 километар од првиот напад. Напаѓачот порано бил студент на Универзитетот Еразмус.

Во нападот во училницата на Универзитетската болница Еразмус загина 46-годишна професорска.

Полицијата соопшти дека напаѓачот подметнал пожарот фрлајќи молотов коктел кон болницата, додавајќи дека подоцна бил уапсен со пиштол и носел панцир.

Од полицијата изјавија дека веруваат дека нападите ги извршило само едно лице и дека ги истражува мотивите на напаѓачот.

Полицијата посочи и дека осомничениот има криминално досие за злоупотреба на животни во 2021 година.

Градоначалникот Абуталеб рече дека е шокиран од овој ужасен напад.

Премиерот Марк Руте од привремената влада ја изрази својата длабока тага поради пукањето.

„Моите мисли се со жртвите на нападот, нивните најблиски и сите останати кои се во страв“, рече Руте.

TRT Balkan / агенции
Популарни