Околу 2,1 милиони деца или 14 отсто од сите деца во Германија се во ризик од сиромаштија, соопшти денес федералното статистички биро Дестатис.
Според статистичките податоци за приходите и условите за живот на ЕУ, едно лице се смета за изложено на ризик од сиромаштија ако неговиот изедначен приход е помал од 60 отсто од просечната вредност на вкупното население.
Во 2023 година овој праг беше 1.314 нето-евра месечно за лице што живее само во Германија и 2.759 нето-евра месечно за домаќинства со двајца возрасни и две деца на возраст под 14 години, објави Дестатис.
Стапката на ризик од сиромаштија за лица помлади од 18 години чии родители имале пониско ниво на образование, како што е диплома за завршено средно образование без стручна квалификација, била 36,8 отсто во Германија во 2023 година, се наведува во извештајот.
Минатата година речиси една четвртина од младите во Германија под 18 години се соочија со сиромаштија или социјална исклученост.
Според дефиниција, едно лице е изложено на ризик од сиромаштија или социјална исклученост доколку е исполнет барем еден од следниве три услови: неговиот расположлив приход е под прагот на ризикот од сиромаштија, домаќинството е погодено од значително материјално и социјално лишување или живее во домаќинство со многу мало учество во работната сила.
Во споредба со другите земји членки на ЕУ, ризикот од сиромаштија или социјална исклученост за децата и младите во Германија во 2023 година беше под просекот и изнесуваше 23,9 отсто, а во ЕУ беше 24,8 отсто.
Соодносот е 10,7% во Словенија, 13,8% во Финска, 14,3% во Холандија, 39% во Романија, 34,5% во Шпанија и 33,9% во Бугарија.
Севкупно, околу 19,9 милиони деца и млади луѓе низ ЕУ беа изложени на ризик од сиромаштија или социјална исклученост во 2023 година.