Најмалку 41 лице го загуби животот во пожар во црква лоцирана западно од главниот град на Египет, Каиро.
Во писменото соопштение на Коптската црква во Египет се наведува дека пожар избувнал во црква западно од Каиро.
Во пожарот животот го загубија 41 лице, додека 14 се повредени.
Официјалната египетска новинска агенција МЕНА објави дека во пожарот кој настана во црквата во Гиза, според првичните податоци, повредени се 55 лица, како и дека има загинати.
Екипите продолжуваат со работа
Противпожарните екипи го опколија просторот околу црквата и продолжуваат со работа со цел гаснење и ставање на пожарот под контрола.
Портпаролот на Министерството за здравство, Хосам Абдел Гафар, преку соопштение информираше дека на местото на несреќата се испратени 30 возила на брза помош.
Тој нагласи дека 55 лица се испратени во околните болници и дека се обидуваат да го утврдат бројот на загинатите лица.
Гафар истакна дека состојбата на готовност е зголемена во болниците во Гиза и Каиро.
Египетскиот претседател со инструкции до институциите
Претседателот на Египет Абдел Фатах ал Сиси во писмена изјава објави дека будно ги следи случувањата поврзани со несреќата во црквата Ал Мунира во регионот на Гиза. Тој ги задолжи сите надлежни државни институции и организации да ги преземат неопходните мерки.
Сиси побара на повредените да им се обезбедат сите здравствени услуги.