Статуа долга три метри и тешка десет тони на Рамзес Втори била мета на неуспешна кражба во Египет. Уапсени се три лица кои се обиделе да ја украдат статуата на фараонот во градот Асван во јужен Египет.
Египетското државно обвинителство соопшти дека статуата, долга три метри и тешка десет тони, била ископана на локација во регионот на градот Асван. Соопштено е дека полицијата во областа фатила три лица, кои се обвинети дека се обиделе да ја украдат статуата. Утврдено е дека статуата била неодамна ископана.
Во Египет, каде што шверцот со антиквитети е вообичаен, според официјалните податоци во изминатата деценија се вратени 29.300 историски артефакти кои претходно биле шверцувани во странство.
AA