Европската комисија во четвртокот одлучи да ја тужи Унгарија пред Судот на правдата на ЕУ бидејќи смета дека нејзиниот Закон за заштита на суверенитетот, кој има за цел да се бори против странското мешање, го прекршува правото на Европската Унијата.
Како што се наведува во соопштението на ЕК, со овој закон се формира Канцеларијата за заштита на суверенитетот, која има задача да истражува одредени активности за кои се тврди дека се вршат во интерес на друга држава или туѓо тело, организација или лице, и кои се „наводно предмет на кршење или загрозување на суверенитетот на Унгарија“, како и организации „чии активности, користејќи странски средства, наводно влијаат на исходот од изборите или на волјата на гласачите“.
Комисијата во февруари годинава испрати официјално известување до Унгарија во кое изрази загриженост за законот.
Откако, се додава, Комисијата утврди дека одговорот на Унгарија е незадоволителен, во мај 2024 година испрати образложено мислење во кое ги повтори своите жалби во врска со, како што тврди, „прекршувањето на основните права содржани во Повелбата за фундаментални права на ЕУ, основните слободи на внатрешниот пазар и правото на ЕУ за заштита на податоците“.
Комисијата наведува дека Унгарија, како одговор на ова мислење, тврдела дека Законот за одбрана на суверенитетот не го нарушува правото на ЕУ и дека изразената загриженост е неоснована.
„По внимателно оценување на одговорот на унгарските власти, Комисијата стои на мнозинството од идентификуваните жалби, кои се уште не се решени“, соопшти Комисијата.
На 12 декември 2023 година, унгарскиот парламент го усвои Законот за заштита на националниот суверенитет со цел да ја одбрани земјата од, како што го нарече владејачката партија Фидес, „несоодветно политичко мешање од страна на странски лица или групи“.