Европската комисија во петокот препорача на Украина и Молдавија да им се даде кандидатски статус за членство во Европската Унија, а Грузија не доби поддршка и беше побарано да исполни одредени услови за да добие статус на кандидат за членство во ЕУ.
Кандидатскиот статус за Украина се смета за ветар во грбот за земјата во која речиси четири месеци се води војна.
Украина ја поднесе апликацијата за членство откако Русија ја започна инвазијата во земјата на 28 февруари годинава. Веднаш потоа и Молдавија и Грузија побараа членство во Унијата.
Препораката на Европската комисија за кандидатски статус на Украина и Молдавија ќе послужи како основа за дискусија на Самитот на ЕУ следната недела (23-24 јуни) во Брисел, каде што се очекува лидерите да го одобрат кандидатскиот статус
По состанокот, шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на Твитер објави оти Комисијата дава препорака на Украина да ѝ се даде кандидатски статус, со претпоставка дека земјата ќе спроведе голем број важни реформи.
Веднаш потоа напиша дека „Украинците се подготвени да умрат за европската перспектива. Сакаме со нив да го живееме европскиот сон“.