Одговорност за чинот презеде екстремно левичарската Вулкангрупе/ Фотографија: DPA

Тесла го запре производството во својата германска фабрика откако високонапонските линии што ја снабдуваа единствената европска фабрика на производителот на автомобили беа запалени во чин на „саботажа“ за која одговорност превзема екстремно левичарска група.

Службите за итни ситуации биле повикани во раните утрински часови во вторникот по пријава запален електричен столб југоисточно од Берлин, во близина на централата на Тесла.

Пожарот беше изгаснат, но оштетувањето на линиите ја прекина струјата во фабриката, како и во околните села.

Откако полицијата соопшти дека започнала истрага за сомневање за подметнување пожар, одговорност за чинот презедоа екстремно левичарските активисти од таканаречената Вулкангрупе (Вулканска група).

„Со нашата саботажа си поставивме цел да постигнеме најголемо можно затемнување на Гигафабриката“, се вели во соопштението на групата објавено на екстремно левичарската веб-страница.

Групата ја истакна загриженоста за влијанието на централата врз животната средина и локалното водоснабдување. „Се чувствуваме поврзани со сите луѓе кои нема да дозволат Тесла да ја сопре нашата вода“, велат од групата.

Михаел Штубген, министер за внатрешни работи на покраината Бранденбург, рече дека доколку подметнувањето пожар се потврди, тоа ќе биде „перфиден напад врз нашата електрична инфраструктура“.

TRT World
Популарни