Енергетската криза на голема врата ја враќа нуклеарната енергија која во многу земји почна да се напушта како идеја по серијата катастрофални несреќи.
Вложувањата во нуклеарна енергија се намалени по катастрофата во Фукушима, Јапонија во 2011 година, најголема нуклеарна несреќа од Чернобил 1986 година.
Причината за тоа е стравот од несигурност во ваквите вложувања. Но по инвазијата на Русија над Украина во февруари годинава и последниот притисок врз снабдувањето со енергија и настојувањата на Европа да не зависи од руската нафта и гас, повторно се размислува за нуклеарната енергија.
Владите се соочуваат со тешки одлуки поради растечките сметки за гас и струја и оскудните ресурси кои се закануваат да предизвикаат големи проблеми оваа зима.
Одредени експерти тврдат дека нуклеарната енергија не треба да се смета како опција, додека други сметаат дека поради големата криза таа мора да стане дел од светската енергетска кошничка.
Јапонија со сериозни планови
Една од земјите кои ја преиспитуваат нуклеарната енергија е Јапонија каде несреќата од 2011 година доведе до прекин на работата на многу нуклеарни реактори поради безбедносни причини.
Јапонскиот премиер Фумио Кишида повика на обнова на нуклеарната индустрија на земјата и изградба на нови атомски централи. Други земји кои сакаат да се оддалечат од нуклеарната енергија ги одложија овие планови барем краткорочно.
Помалку од еден месец по рускиот напад на Украина, Белгија за десет години го одложи нејзиниот план за укинување на нуклеарната енергија во 2025 година.
Се користи во 32 земји
Додека нуклеарната енергија која моментално се користи во 32 земји обезбедува 10 отсто од светското производство на електрична енергија, меѓународната агенција за атомска енергија ги зголеми своите проекции по катастрофата во 2011 година.
Асоцијацијата очекува дека инсталираниот капацитет двојно ќе биде зголемен до 2050 година во најповолно сценарио. Потпирањето на нуклеарна енергија не е табу тема дури ниту во Германија бидејќи енергетската криза повторно ја покренува расправата за затворањето на последните три нуклеарни електрани во таа земја до крајот на 2022 година.
Гералд Нојбеауер експерт за клима и енергија на „Гринпис” изјави дека со нуклеарната енергија не може да се реши енергетската криза. Таа според него би имала ограничена ефикасност во надоместувањето на рускиот гас со оглед на тоа дека во Германија главно се користи за затоплување, а не за производство на електрична енергија.
„Реакторите би го заштедиле само гасот кој се користи за електрична енергија, односно дури помалку од еден процент од гасот”, вели Нојбеауер.
Според Николас Бергманс експерт за енергија и клима, пошироката употреба на нуклеарната енергија може да помогне.
„Европа е во значително поинаква енергетска ситуација со неколкуте кризи кои се преклопуваат. Проблем со снабдувањето со гас, сушите кои го намалија капацитетот на браните, слабото производство на француските нуклеарни електрани, така да сите алки се важни”, изјави Бергманс.
Кина, Индија, Полска и Чешка
Пронуклеарното лоби вели дека тоа е една од најдобрите светски опции за избегнување на климатски промени со оглед дека не емитува директно јаглерод диоксид.
Всушност нуклеарната енергија го сочинува поголемиот процент во кошничката на светска енергија во повеќето сценарија. Како расте потребата за електрична енергија неколку земји изразија желба за развој на нуклеарна инфраструктура вклучувајчи ја Кина како и Индија, Чешка и Полска.
Исто така слични амбиции имат и Велика Британија, Франција и Холандија па дури и САД. Некои земји се противат на нуклеарната енергија. Таква е ситуацијата со Нов Зеланд, а за ова прашање се расправа и во ЕУ.
Минатиот месец Европскиот парламент го одобри спорниот предлог според кој на вложувањата во гас и нуклеарна енергија и се става знак на одржливо финансирање.
Останатите проблеми врзани со нуклеарната инфраструктура се врзани за контролата на трошоците и трајност на изградбата на централите.
„Говориме за среднорочни решенија кои нема да ја разрешат напнатоста на пазарот бидејќи ќе стигнат предоцна за решавање на климатска криза”, изјави Берманс.
Тој предлага фокусирање на динамичниот сектор на обновлии енергии кој може веднаш да помогне.