Ердоган и Шолц разговараа за Русија и за шведското членство во НАТО / Photo: AA Archive

Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, вчера оствари телефонски разговор со германскиот канцелар Олаф Шолц.

Во соопштението на Одделот за комуникации при турското Претседателство се наведува дека во разговорот станало збор за билатералните односи и регионалните и глобалните прашања, при што е нагласена неопходноста од зголемување на соработката во тие области.

Ердоган и Шолц разговараа и за ситуацијата во Русија, како и за прашањето за членство на Шведска во НАТО.

Говорејќи за Шведска, Ердоган истакна дека иако Шведска презема чекори во вистинската насока, особено со измената во антитерористичкото законодавство, поддржувачите на ПКК/ПЈД/ЈПГ во Шведска продолжуваат слободно да организираат протести во кои го величаат тероризмот, регрутираат луѓе и обезбедуваат финансиски средства за терористичките организации.

Ердоган нагласи дека оваа ситуација за Туркије е неприфатлива.

TRT Balkan / агенции
Популарни