Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и украинскиот претседател Владимир Зеленски се состанаа со генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, во Украина.     Фото: АА

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, украинскиот претседател Владимир Зеленски и генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутереш се состана во украинскиот град Лавов за да разговараат за руско-украинската војна.

Трилатералниот состанок се одржа по состанокот на Ердоган и Зеленски на кој разговараа за аспектите на односите на Анкара и Киев на ниво на стратешко партнерство.

Ердоган, Зеленски и Гутереш разговараа за чекорите кои можат да бидат преземени со цел преку дипломатски пат да заврши руско-украинската војна, вклучувајќи зголемување на активностите на механизмот воспоставен за извоз на украинско жито на светските пазари.

Се очекува по трилатералниот состанок да биде одржана заедничка прес-конференција.

Со посредство на Туркије и Обединетите нации, на 22 јули во Истанбул, Украина и Русија потпишаа договор за обновување на украинската испорака на жито од три црноморски пристаништа. Согласно со договорот, формиран е координативен центар кој ќе врши заеднички контроли на влезовите и излезите на пристаништата, обезбедувајќи ја безбедноста на рутите. Првиот брод отплови на 1 август.

Заедничкиот координативен центар во Истанбул официјално почна да функционира на 27 јули, а го сочинуваат претставници на трите земји и на ОН.

Обединетите нации соопштија дека Гутреш би требало да го посети и островот Одеса.

Потоа, во сабота ќе се упати во Туркије и ќе го посети Заедничкиот координативен центарот во Истанбул.

AA
Популарни