Претседателот Ердоган зборуваше во палатата Долмабахче во Истанбул, каде го презентираше Документот за стратегија на финансирањето, а во таа прилика зборуваше и за актуелните настани.     Фото: АА

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, рече дека во изминатите 8-9 години, некои се обидувале на секој начин, од заговор до државен удар, да ја направат Туркије нефункционална, а дека последниот куршум од овие подмолни напади е испукан врз турската економија.

Ердоган зборуваше во палатата Долмабахче во Истанбул, каде го презентираше Документот за стратегија на финансирањето, а во таа прилика зборуваше и за актуелните настани.

„Ако зборувам отворено, во последните 8-9 години, некои се обидоа на сите начини, од заговор до пуч, да ја направат Туркије нефункционална. Последниот куршум од овие подмолни напади беше испукан врз нашата економија. Но, се случи нешто што тие не го очекуваа, нашата борба против замките што ни беа поставени нè направи посилни“, рече Ердоган.

Тој рече дека Туркије ќе ги надмине проблемите со кои се соочува.

„Ќе го надминеме проблемот со инфлацијата што веќе некое време го чувствуваме како резултат на светските трендови. Ако даде Господ, заедно ќе го изградиме векот на Туркије“, рече Ердоган.

​​​​​​​Тој истакна дека глобалната економска криза продолжува да го пустоши светот, создавајќи нови проблеми постојано.

AA
Популарни