Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се состана со  украинскиот претседател Владимир Зеленски во Украина     Фото: Претседателство на Туркије

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, се состана со украинскиот претседател Владимир Зеленски, во градот Лавов, во Украина.

Ердоган престојува во еднодневна посета на Лавов поради состанокот со Зеленски кој се одржува во палатата Поточки, а планирано е да разговараат за сите аспекти на односите помеѓу двете земји.

По билатералниот состанок ќе биде одржан и трилатерален состанок со генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш.

Ердоган, Зеленски и Гутереш ќе разговараат за чекорите кои можат да бидат преземени за да преку дипломатски пат се заврши украинско-руската војна вклучувајќи зголемување на активностите на механизмот воспоставен за извоз на украинското жито на светскиот пазар.

Се очекува по трилатералниот состанок да биде одржана заедничка прес-конференција.

Со посредство на Туркије и Обединетите нации, на 22 јули во Истанбул, Украина и Русија потпишаа договор за обновување на украинската испорака на жито од три црноморски пристаништа. Согласно со договорот, формиран е координативен центар кој ќе врши заеднички контроли на влезовите и излезите на пристаништата, обезбедувајќи ја безбедноста на рутите. Првиот брод отплови на 1 август.

Заедничкиот координативен центар во Истанбул официјално почна да функционира на 27 јули, а го сочинуваат претставници на трите земји и на ОН.

Обединетите нации соопштија дека Гутреш би требало да го посети и островот Одеса.

Потоа, во сабота ќе се упати во Туркије и ќе го посети Заедничкиот координативен центарот во Истанбул.

AA
Популарни