Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган     Фото: Ројтерс

Шведска вети дека ќе екстрадира 73 терористи во Туркије, истакна турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на прес-конференција по самитот на НАТО во Мадрид.

Ердоган, кој зборуваше во Мадрид по затворањето на самитот на НАТО, исто така, го опиша трилатералниот меморандум за разбирање со Шведска и Финска како „дипломатска победа“ за Туркије.

„Важно е да се покаже решителноста на НАТО за борба против тероризмот во сите негови форми“, додаде Ердоган, нагласувајќи дека оваа определба не треба да остане на хартија.

Тој, исто така, рече дека поддршката на Алијансата за Украина е безусловна.

„Но, ние мора да го покажеме тоа со визија за мир и да се стремиме да ја запреме хуманитарната трагедија што е можно поскоро“, истакна Ердоган.

TRT World
Популарни