Во ЕУ речиси секој трет возрасен жител барем еднаш конзумирал незаконска дрога     Фото: АА

Во Европската унија речиси секој трет возрасен жител барем еднаш конзумирал незаконска дрога. Ова го покажуваат податоците на Европскиот центар за следење на дрогата и зависноста од дрога (EMCDDA), објавени по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на борбата против злоупотреба на дрогите и незаконскиот промет на дрогите.

Според податоците на EMCDDA, во ЕУ има околу 83 милиони жители или 29 отсто возрасни жители на возраст од 15-64 години кои некогаш конзумирале незаконска дрога. На малопродажно ниво во ЕУ годишно се трошат најмалку 30 милијарди евра на дроги, од кои најчесто се конзумира канабисот (39%), потоа кокаинот (31%), хероинот (25%) и околу 5% амфетамин и MDMA (екстази).

Во Хрватска 24% од жителите користеле дрога

Истражувањето од 2019 година покажува дека во Хрватска илегална дрога барем еднаш користеле 24 отсто од жителите, а трендовите на употреба се случни на оние во државите во ЕУ.

Жељко Петковиќ, помошник на директорот во Хрватскиот завод за јавно здравство за спречување на злоупотреба на дроги, наведе податок дека во Хрватска е забележано намалување на бројот на лекувани зависници од опојни дроги, додека потрошувачката на останатите дроги во Хрватска расте, пред се на канабисот, кокаинот и останатите стимуланси.

„Во изминатите две пандемски години бројот на заплената на дрогите беше малку понизок, но со пораќањето на туризмот се очекува таа бројка да се врати во претпандемискиот период“, рече Петковиќ.

Бројот на корисници на стимуланси расте

Тој предупреди дека бројот на корисниците на стимуланси расте во Хрватска во време на викендите, додека употребата на канабисот е иста во текот на целата недела. Исто така тој наведе дека зависниците од опијни дроги се се повозрасни и дека е забележано дека од предозирање умираат повозрасните зависници.

Во ЕУ, освен надворешното производство на канабисот во Албанија и Мароко, се троши канабис кој се повеќе се произведува во ЕУ- државите, Шпанија и Холандија.


„Во Хрватска помеѓу 7 и 11 илјади зависници инјектира дроги. Ситуацијата со ХИВ меѓу оваа популација е релативно добра, но заразата со хепатитис е 13 до 15 отсто, па се до 80 отсто во Грција и Романија кои ја запоставија работата со зависниците“, истакна Петковиќ.

Маја Валентиќ од Хрватскиот завод за јавно здравје рече дека во 2021 година во Хрватска се евидентирани околу 5.400 лица на лекување од зависност, од кои околу 10 отсто се лекувале првпат. Забележани се 84 отсто машки и 16 отсто женски пациенти.

Генералното собрание на Обединетите нации го прогласи 26 јуни за Меѓународен ден против злоупотреба на други и незаконски промет со дроги сакајќи да ја предупреди светската јавност на проблемот со злоуптреба од дроги и потребата од активно вклучување на сите субјекти, како на глобално така и на национално ниво.

AA
Популарни