ЕУ има за цел да испорача најмалку 1,3 милиони артилериски гранати на Украина / Photo: AA

Членот на Комисијата на Европската Унија (ЕУ) задолжен за внатрешниот пазар, Тиери Бретон, изјави дека планирано е најмалку 1,3 милиони артилериски гранати да бидат произведени и испорачани во Украина до крајот на годината со цел да се зајакнат украинските залихите со муниција.

За време на посетата на Талин, главниот град на Естонија, Бретон се сретна со премиерката Каја Калас и разговараше со новинарите за поддршката на ЕУ за Украина во војната со Русија.

Истакнувајќи дека Европа ќе продолжи да ја поддржува Украина со сите нејзини средства, Бретон напомена дека планираат да ја постигнат целта до крајот на годината да произведат најмалку 1,3 милиони артилериски гранати и да ги достават на Украина.

Иако Бретон не даде информации за моменталното производство, тој порача дека производствените капацитети следната година ќе се зголемат значително и дека Украина ќе биде приоритет во дистрибуцијата.

Калас се осврна и на наводите дека Северна Кореја испратила артилериски гранати во Русија и ги повика европските земји да ги исполнат очекувањата на Украина.

„Ако Северна Кореја може да го направи тоа, и Европа дефинитивно може да го направи. Украина смета на нас, не треба да ги изневериме“, изјави Калас.

За време на посетата на поморската база во Шербур-ан-Котентен, во провинцијата Ла Манш, францускиот претседател Емануел Макрон повика на зголемување на производството и иновации за да се задоволи зголемената побарувачка на Украина за муниција.

Макрон наведе дека на потребите на Украина треба брзо да се одговори:

„Не можеме да дозволиме Русија да мисли дека може да победи. Победата на Русија би значело крај на европската безбедност.“

TRT Balkan / агенции
Популарни