Продолжува поддршката од ЕУ за Украина / Photo: AA

Претставниците на 27 земји-членки на ЕУ денеска во Брисел се согласија за ревизија на Европскиот мировен фонд со што се обезбедија новио пет милијарди евра за воена помош за Украина.

Германија и Франција биле меѓу земјите кои најмногу инсистирале на дополниелните средства.

Франција инсистирала на силна политика на купување европски производи во контекст за оружје кое што може да се рефундира, додека Германија барала да се земе предвид билатералната помош при одредувањето на големината на придонесите на земјите во фондот.

Претходно, фондот беше искористен за распределба на околу 6,1 милијарди евра за воена помош за Украина.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Јосеп Борел, минатата година предложи создавање на нов фонд исклучиво за помош на Киев, односно Фондот за помош на Украина, во рамките на ЕПФ, со буџет до 5 милијарди евра по година во наредните четири години.

TRT Balkan / агенции
Популарни