ЕУ бара поддршка од Обединетите нации за формирање на судот     Фото: АА / Photo: AA

Европската комисија ќе соработува со Меѓународниот кривичен суд (МКС) за да помогне во формирањето на специјализиран суд за истрага на руските злосторства, изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. Таа смета дека Русија мора да плати за злосторствата, вклучително и злосторството за агресија врз суверена држава.

„И тоа е причината поради која додека продолжуваме да го поддржуваме Меѓународниот кривичен суд, предлагаме да се формира специјализиран суд, со поддршка на Обединетите нации, кој ќе ги истражува и гони руските злосторства и агресија“, рече претседателката на Европската комисија.

Според Фон дер Лајен Русија мора да ја плати цената на уништувањето што го предизвикува. Таа додаде дека штетата што ја претрпела Украина се проценува на 600 милијарди евра.

Таа истакна дека Европската унија веќе блокирала 300 милијарди евра резерви на руската централна банка и замрзнала 19 милијарди евра пари на руските олигарси. И дека кога ќе се укинат санкциите против Русија, тие средства треба да се искористат како целосна компензација на Украина.

„На краток рок, би можеле да создадеме структура со нашите партнери за управување со тие средства и нивно инвестирање“, изјави Фон дер Лајен.

ЕУ на ова ќе работи на постигнување меѓународен договор со нејзините партнери.

TRT Balkan / агенции
Популарни