ЕУ: Санкции за еврејските доселеници поради насилство врз Палестинците / Photo: AA

Жозеп Борел, високиот претставник на Европската Унија (ЕУ) за надворешна политика и безбедност, соопшти дека ЕУ се согласила да воведе поединечни санкции за нелегалните еврејски доселеници што сториле акт на насилство над Палестинците.

Борел во изјавата дадена по состанокот на министрите за надворешни работи на земјите на ЕУ наведе дека 27 земји членки постигнале договор за воведување поединечни санкции кон насилните еврејски доселеници.

Истакнувајќи дека тоа прашање било на дневен ред на претходниот состанок на министрите за надворешни работи, но дека не можело да се донесе одлука бидејќи немало консензус, Борел рече дека овој пат е направена листа на лица за кои е утврдено дека се одговорни за акти на насилство над Палестинци.

Тој истакна дека постојниот режим на поединечни санкции на ЕУ ќе биде применет за тие луѓе.

Борел појасни дека тоа вклучува забрана за влез на територијата на ЕУ, замрзнување или конфискација на имотот во ЕУ.

На новинарското прашање за имињата на листата, Борел рече дека „не се сеќава“ на имињата, но додаде дека листата е подготвена и веднаш ќе почне да се применува.

AA
Популарни