ЕУ во 2022 година извезе автомобили во вредност од 158 милијарди евра / Photo: Reuters Archive

ЕУ во 2022 година извезезе автомобили во вредност од 158 милијарди евра, што е највеќе во историјата, соопшти Евростат.

Минатата година беше соборен претходниот рекорд од 2015 година, кога ЕУ извезуваше автомобили со вкупна вредност од 150 милијарди евра. Во 2022 година во ЕУ се увезени автомобили за 62 милијарди евра, што значи дека трговскиот суфицит изнесува 96 милијарди евра.

Минатата година ЕУ извезла најмногу автомобили во САД, 23,0 отсто од вкупната вредност на извозот.

Втора на листата е Велика Британија со удел во извозот од 17,0 отсто, потоа Кина – 15,0 отсто, Јужна Кореја и Швајцарија – по 5,0 отсто, Јапонија и Туркије – по 4,0 отсто.

Во 2022 година ЕУ увезла најмногу автомобили од Кина и Велика Британија – по 15,0 отсто од вкупната вредност на увозот, потоа САД – 14,0 отсто, Јужна Кореја – 13,0 отсто, Туркије – 10,0 отсто и Мексико – 8,0 отсто.

Според податоците на Евростат, вредноста на трговијата со автомобили со земјите надвор од ЕУ пораснала во просек за 3,8 отсто годишно од 2002 до 2022 година, при што увозот растел во просек за 4,4 отсто, а извозот за 3,6 отсто годишно.

TRT Balkan / агенции
Популарни