Сомнежот за прекршување на законите ги вклучува политиките и практиките на Мета во врска со измамничките реклами и политички содржини на нејзините платформи / Photo: AA

Европската унија покрена истрага против Мета, сопственикот на Фејсбук и Инстаграм, врз основа на непочитување на правилата на ЕУ во области како што се измамничко рекламирање и борбата против дезинформациите на нејзините платформи.

Европската комисија објави дека е започната официјална истрага за да се утврди дали Мета го прекршил Законот за дигитални услуги на ЕУ (ДСА).

„Сомнежот за прекршување на законите ги вклучува политиките и практиките на Мета во врска со измамничките реклами и политички содржини на нејзините платформи“, се вели во соопштението.

Според ЕК, Мета не воспоставила ефикасен систем за набљудување на изборите пред претстојните избори за Европскиот парламент, како и дека механизмите на компанијата за означување и пријавување незаконски содржини на нејзините услуги не се во согласност со правилата на ЕУ и оти Мета не им овозможила на истражувачите адекватен пристап до јавните податоци.

Во соопштението се наведува дека комисијата ќе продолжи да собира дополнителни информации и докази и дека по оваа фаза Мета треба да даде информации за мерките што ги презела во овие области.

Според усвоениот закон на ЕУ, главните дигитални платформи подлежат на строги правила. ЕУ може да наметне казни до шест отсто од нивниот глобален промет на дигиталните платформи кои ги прекршуваат правилата.

Изборите за ЕП ќе се одржат од 6 до 9 јуни 2024 година.

ЕУ очекува дигиталните платформи да преземат чекори за борба против лажните вести и дезинформациите пред изборите.

TRT Balkan / агенции
Популарни