Испораките на руски гас за Европа преку гасоводи се зголемиле за 14 отсто на годишно ниво во 2024 година со количина од вкупно 31,1 милијарди кубни метри. Испораките од Русија за Европа во 2023 година изнесувале 28,15 милијарди кубни метри, стои според податоците на Гаспром.
Испораките на гас за земјите од западна и централна Европа преку Украина изнесуваа 15,4 милијарди кубни метри во 2024 година, што е за 6% повеќе на годишно ниво.
Во меѓувреме, испораките на гас за земјите од јужна и југоисточна Европа преку гасоводот Турски тек се зголемија за 23 отсто на 16,7 милијарди кубни метри во 2024 година.
Само во декември 2024 година, извозот на руски гас во Европа преку оваа рута се зголеми за 3% во однос на ноември.
Договорот меѓу Русија и Украина за испорака на гас во Европа, кој истече на 1 јануари предвидуваше транспорт на 40 милијарди кубни метри руски гас преку Украина годишно.
Меѓутоа, по одбивањето на Украина да го продолжи договорот, рускиот Гаспром не може да испорачува гас преку Украина и ја прекина операцијата.