Операцијата на Европол резултираше со повеќе од 400 апсења поради трговија со фалсификувани лекови.
Истражителите од повеќе земји, предводени од Европол, уапсија 418 осомничени во операција против трговија со фалсификувани лекови и недозволени супстанци, соопшти европската полициска канцеларија.
Истовремено, тие ги повикаа потрошувачите да бидат особено внимателни при набавки на лекови преку Интернет.
Операцијата беше спроведена од француски, грчки, италијански и шпански служби за спроведување на законот и координирана од Европол.
Рациите се случија во 30 земји меѓу април и ноември минатата година. Тие истражувале 52 организирани криминални групи и заплениле стока вредна повеќе од 11 милиони евра.
Во рациите беа запленети повеќе од 400.000 пакувања „нелегални лекови“, приближно 175.000 шишиња и ампули и повеќе од 4,5 милиони таблети, вклучително и лекови против болки, лекови за рак, како и допинг и психотропни супстанции.
Откриени се и демонтирани се и четири подземни лаборатории.
„Трговијата со фалсификувани лекови е во пораст во ЕУ, што предизвикува огромни трошоци за поединците и општеството“, соопшти Европол.
Тие додаваат дека организираните криминални групи продаваат супстандардни, погрешно означени или фалсификувани фармацевтски производи, како и производи пренасочени од легитимните малопродажни синџири.
Европол предупредува на клучната улога на социјалните медиуми и онлајн продавниците, како на легалниот и на темниот веб, во продажбата на фалсификувани фармацевтски производи и ги повикува потрошувачите да бидат внимателни кога купуваат онлајн.