Европските земји соочени со предизвикот на санирање на штетите од поплавите. / Photo: AP

Додека дел од Европа се бори со екстремно високи температури со ефект на климатски промени, Словенија, Велика Британија, Австрија и Хрватска, се обидуваат да ја санираат штетата предизвикана од поплавите по обемните врнежи од дожд.

Топлотните бранови предизвикани од климатските промени предизвикуваат рекордни температури и шумски пожари во повеќе делови од Европа, а во исто време обилни дождови се забележани во Словенија, Велика Британија, Австрија и Хрватска, кои предизвикаа разорни водни порои и поплави.

Во тие земји од поплавите предизвикаа сериозни штети, а за санирање на штетите ќе биде потребен подолг период.

Силен дожд и ветер зафатија делови од Босна и Херцеговина и Србија во последните денови. Во Летонија, Полска, Литванија и Финска е издадено предупредување за можни обилни врнежи.

Штетата во Словенија би можела да надмине половина милијарда евра

Две третини од територијата на Словенија погодени се од поплавите предизвикани од обемните врнежи од долж кои почнаа во петокот и траеја три дена.

Поплавата во Словенија зафати многу населени места и земјоделски површини, а како последица од поплавите животот го загубија најмалку шест лица. Таа е забележана како најголема природна катастрофа во Словенија од нејзината независност во 1991 година.

Се проценува дека штетата предизвикана од поплавата може да надмине 500 милиони евра, а многу патишта станаа неупотребливи. Во операциите за евакуација и пребарување и спасување учествуваше и словенечката армија.

Словенечкото Министерство за надворешни и европски работи ги предупреди странските граѓани и патници да бидат внимателни за време на престојот во Словенија.

Активностите на поправка на штетата во Велика Британија можат да потрајат неколку дена

По шестиот највлажен јули во Обединетото Кралство досега, делови од земјата беа погодени од бурата Антони, која беше на сила низ пошироката област минатиот викенд, вклучувајќи ги Велс и Северна Ирска.

Градот Лофтус во северен Јоркшир е поплавен по втор пат во последните три години. Околу 20 куќи во градот беа поплавени, а градот го зафатија ветрови со брзина од 125 километри на час. Жителите на повеќето населени места се привремено евакуирани.

Дрвјата соборени од бурата, која исто така го попречи транспортот, ја затвори линијата долга 100 милји меѓу Ексетер и Пензанс.

Најавено е дека работите на санирање на штетите од невремето Антони ќе траат неколку дена. Многу настани на отворено, вклучувајќи го и џез фестивалот Дорсет, беа откажани поради невремето.

Поплавите предизвикаа штети и во Австрија и Хрватска

Покраините Корушка и Штаерска во јужна Австрија исто така беа погодени од бројни лизгања на земјиште и поплави по обилните дождови кои започнаа во петокот. Едно лице загина од последиците од поплавите, а бројни села се евакуирани. И во Хрватска се случија поплави поради обемните врнежи од дожд во текот на викендот. Поплавите го погодија и главниот град Загреб. Локалните медими ја пренесоа информацијата дека патиштата и мостовите се оштетени, а многумина куќи се поплавени по повлекување на водата.

Врнежни и во Босна и Херцеговина и во Србија

Како последица на силниот дожд во Босна и Херцеговина, имаше поплави во многу делови на Босна и Херцеговина, вклучително и на улиците на главниот град Сараево.

Во Србија обемните врнежи беа проследени и со силно невреме. Метеоролозите најавуваат пораст на температурите на воздух во земјите од Западен Балкан во наредните денови.

Предупредување за граѓаните на Латвија и Полска

Премиерот на Латвија Крисјанис Каринс предупреди дека во земјата преовладуваат невреме и врнежи.

„Властите работат напорно за да му помогнат на населението и да ги санираат штетите на инфраструктурата што е можно поскоро“, сподели Каринс на социјалните мрежи.

Апелирајќи ја јавноста да биде претпазлива, Каринс ги предупреди луѓето да не ги напуштаат своите домови освен ако тоа е апсолутно неопходно.

И во Полска граѓаните беа повикани да не излегуваат надвор и да останат на безбедни места.

Во полските медиуми беше објавено дека ветровите во земјата достигнале брзина и до 70 километри, а биле испратени и предупредувања за следење на моменталната временска состојба.

Температурата во земјава за седум дена падна за 10 степени, а врнежливото време продолжува.

Во Литванија и Финска заладување

Во Литванија е издадено предупредување дека топлото време ќе отстапи место за грмотевици во наредните денови. Спомнувајќи ја можноста за ураган, особено на североистокот од земјава, метеоролозите најавија обилни врнежи од дожд.

Од понеделник со 31 Целзиусов степен температурите во Финска ќе опаднат за десет степени во остатокот од неделата. Во јужниот дел од земјава се предупредува дека треба да се внимава поради невреме.

TRT Balkan / агенции
Популарни