Шпанските фармери продолжија со протестите и откако ги блокираа автопатите на влез на Барселона, сега одржаа и демонстрации со трактори во центарот на градот.
Трактори и земјоделски возила влегоа во Пасеиг де Грасија преку Дијагонал за време на демонстрациите на шпанските фармери во Барселона, Шпанија.
Тракторите од регионите Тарагона и Леида влегоа преку Дијагонал, додека оние од регионите Жирона и Барселона се пробија преку Меридијана.
Протестот е дел од поголемата серија демонстрации на земјоделците во Франција и низ Европа, кои изразуваат загриженост за она што го сметаат за нелојална конкуренција од странство, предложените намалувања на субвенциите и претстојните регулативи на ЕУ.
Дел од барањата на земјоделците за одложување на намалената употреба на хемиски препрати и намалување на емисиите на стакленички гасови најверојатно ќе бидат прифатени од Европската комисија која сака да постигне компромисно решение и да стави крај на блокадите.