Фидан и Гутереш размениле мислења и за ситуацијата во Газа / Photo: AA Archive

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан разговарал за неодамнешните регионални случувања со генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, соопштија турски дипломатски извори.

Во телефонскиот разговор во понеделникот, Фидан и Гутереш размениле мислења и за ситуацијата во палестинската Газа.

На дневен ред беа и кипарското прашање и безбедноста на пловидбата во Црното Море, додаваат изворите.

Техеран изврши повеќе од 300 ракетни и беспилотни напади низ Израел во саботата навечер како одмазда на воздушниот напад на Тел Авив врз иранскиот конзулат во сирискиот главен град Дамаск на 1 април, во кој беа убиени седум членови на Револуционерната гарда, вклучително и двајца генерали.

Во врска со неодамнешните случувања на Блискиот Исток, Туркије рече дека ќе продолжи со напорите за спречување на покренување на процес, кој трајно ќе ја оштети стабилноста на регионот и ќе доведе до поголеми глобални конфликти.

Анкара рече дека „уште еднаш испраќа јасни пораки до иранските власти и до западните земји кои имаат влијание врз Израел, да ги повикаат сите да стават крај на ескалацијата“.

TRT World
Популарни