Повеќе теми на средбата Фидан - Борел на Минхенската безбедносна конференција / Photo: AA

Односите меѓу Туркије и ЕУ како и ситуацијата во Газа и Сирија беа теми на денешната средба во Германија меѓу турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан и шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, на маргините на 60-та Минхенска безбедносна конференција.

Фидан и Борел истакнаа дека не треба да има разлика меѓу Туркије и другите земји-кандидати во ЕУ, велат дипломатски извори.

Во дискусијата Фидан се осврна и прашањето на Газа, со загриженост за внатрешните несогласувања во ЕУ кои ја попречуваат поддршката за Палестинците и отсуството на механизми против Израел.

Во однос на сирискиот конфликт, Фидан и Борел ја истакнаа важноста од вклученоста на сирискиот режим во политичкиот процес.

TRT Balkan / агенции
Популарни