Во Франција, државата со 150 евра ќе им помогне на семејствата кои во своите домови примаат бегалци од Украина.

Во Франција, државата со 150 евра ќе им помогне на семејствата кои во своите домови примаат бегалци од Украина.

Одделенскиот министер за урбанистичко планирање и домување, Оливие Клајн, најави финансиска помош од 150 евра месечно за семејствата што ќе примат украински бегалци, пренесе францускиот канал BFMTV.

Клајн рече дека помошта се однесува на Украинците кои избегале од војната.

Француската администрација често е критикувана поради двојните стандарди, односно дискриминацијата на бегалците од арапските и африканските земји во споредба со бегалците од Украина.

AA
Популарни