Фронтекс: Нерегуларните преминувања на границите кон ЕУ се зголемија

Фронтекс: Нерегуларните преминувања на границите кон ЕУ се зголемија

Бројката е зголемена за 13 отсто до 176.100 премини, според граничната агенција на Блокот
Фронтекс: Трикратно повеќе илегалните влегувања во ЕУ од Балканот / Photo: Reuters

Околу 176.100 нерегуларни преминувања на границата се откриени на надворешните граници на ЕУ во првите седум месеци од 2023 година, што е за речиси 13 отсто повеќе од истиот период минатата година, објави граничната агенција на ЕУ.

Прелиминарните пресметки покажаа дека таа бројка е највисока за периодот јануари - јули од 2016 година, соопшти Фронтекс.

Зголемувањето се должи единствено на бројот на пристигнувања преку Централниот Медитеран, кој сè уште служи како примарна рута за миграција во ЕУ и сочинува над 50 отсто од сите откриени нерегуларни преминувања на границите на ЕУ, се вели во соопштението.

Според агенцијата, повеќе од двојно е зголемен бројот на неовластени премини на оваа рута.

„Зголемениот миграциски притисок на оваа рута може да продолжи и во наредните месеци, бидејќи шверцерите нудат пониски цени за мигрантите кои заминуваат од Либија и Тунис во услови на жестока конкуренција меѓу криминалните групи“, се предупредува во соопштението.

Напротив, бројот на пристигнувања за сите други миграциски рути е намален во однос на претходната година, почнувајќи од пад од 2 отсто на западномедитеранската рута до пад од 29 отсто на источномедитеранскиот пат.

TRT Balkan / агенции
Популарни