Земји членки на Г7 се заложија да ѝ помогнат финансиски на Украина     Фото: AP

Седумте најголеми економии во светот се согласија парите собрани од повисоките трговски тарифи за Русија да ги користат за да ѝ помогнат на Украина, се вели во соопштението објавено од Белата куќа.

На вториот ден од самитот на Групата 7 во Германија, лидерите преземаат нови заложби за да ѝ зададат удар на руската економија и „да се погрижат дека Русија ќе ја плати цената на војната“, се вели во соопштението.

„САД ќе воведат повисока тарифа за над 570 групи руски производи во вредност од приближно 2,3 милијарди долари кон Русија“, се истакнува.

Исто така се наведува дека сите земји членки ќе се заложат за да ѝ помогнат на Украина во покривањето на нејзините краткорочни недостатоци во буџетот, вклучително и обврската од 7,5 милијарди долари од вториот додаток од САД.

„Лидерите исто така ќе дадат голема долгорочна безбедносна посветеност за финансиска, хуманитарна, воена и дипломатска поддршка на Украина колку што е потребно“, се додава.

Новата поддршка ќе вклучува одржување „кредибилна воена подготвеност и одбрана на Украина преку навремено обезбедување современа одбранбена опрема и напредни оружени системи“.

Во меѓувреме, премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, ќе ги повика светските лидери да преземат итна акција за да се извлечат основните резерви на храна од Украина на самитот Г7.

Владата планира да ги поправи виталните железници со цел да транспортира жито надвор од земјата преку нив.

„Велика Британија е во тесна комуникација со Владата на Украина за тоа како максимално да го зголемат својот железнички капацитет и да ги одржат возовите и житото во оптек“, се вели во официјалното соопштение.

Од почетокот на руската војна против Украина, вчера во Германија започна првиот собир со физичко присуство на седумте водечки економии во светот, на којшто лидерите разговараат за кризата со храна и енергенси предизвикани од војната.

AA
Популарни