Газпром започна со одржување на Северен тек 1     Фото: АА

„Северен тек 1“ најголемиот гасовод со кој се спроведува рускиот гас до Германија денес го започна годишното одржување, а се очекува дека протокот ќе престане десет дена.

Според ажурираните информации на веб-страната на Северен тек, гасоводот, кој во моментот испраќа 67 милиони кубни метри природен гас во Европа на дневно ниво, ќе се сервисира од 11 до 21 јули.

На 15 јуни, Газпром информираше дека дел од техничка опрема испратена до германската компанијата „Сименс“ за одржување сѐ уште не е вратена, и предупреди дека испораките на гас преку гасоводот Северен тек ќе се намалат.

Во текот на сервисирањето, се намалува испораката на природен гас со стапка од 40 проценти од вкупниот капацитет.


Европа се плаши дека Русија може да го продолжи планираното одржување за дополнително да ги ограничи европските испораки на гас. Европските земји кои имаат за цел целосно да ги наполнат своите складишта со гас за зимата, се загрижени дека овие чекори што ги презема Русија ќе им ги нарушат плановите.

AA
Популарни