Во штрајкот учествуваат сите градови и населени места на Западниот Брег, а Ханије беше оплакуван преку звучници во многу џамии низ Западниот Брег / Photo: AA

Палестинските национални и исламски сили прогласија генерален штрајк денес и повикаа на „демонстрации за изразување на гневот“ поради убиството на Исмаил Ханије, шеф на Политичкото биро на палестинското движење на отпорот Хамас.

„Убиството на големиот национален лидер Исмаил Ханије е дел од тероризмот на ционистичката држава и нејзината војна за истребување, уништување и убивање, во услови на неуспех на меѓународната заедница да ја запре војната и да го повика на одговорност окупаторот за неговите злосторства“, соопштија палестинските сили.

Жалејќи за смртта на палестинскиот лидер, палестинските сили потврдија дека „кукавичкиот атентат нема да ја скрши волјата на народот да се спротивстави и издржи, туку ќе ги зголеми решителноста и инсистирањето да продолжиме да се придржуваме кон правото да се бориме и да даваме отпор за слобода и независност“.

Во штрајкот учествуваат сите градови и населени места на Западниот Брег, а Ханије беше оплакуван преку звучници во многу џамии низ Западниот Брег, јави дописникот на Анадолу.

Палестинската група на отпорот Хамас рано утринава објави дека Ханије е убиен во израелски воздушен напад врз резиденцијата каде што престојувал во иранскиот главен град Техеран.

Иранската државна телевизија извести за смртта на Ханије, истакнувајќи дека истрагата за атентатот е во тек.

AA
Популарни