Генералниот секретар на ОН за прв пат по 6 години во посета на Ирак / Photo: AA

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш, за прв пат по 6 години го посети Ирак, и порача дека Ирачаните ќе ги надминат сите потешкотии од политички и безбедносен аспект.

Гутереш во ирачкиот главен Багдад се состана со министерот за надворешни работи на Ирак, Фуад Хусеин, кои по средбата дадоа кратки изјави за медиумите.

„Среќен сум што сум во посета на Ирак. Сигурни сме дека Ирачаните ќе ги надминат сите потешкотии од политички и безбедносен аспект“, рече Гутереш.

Нагласи дека ги поздравува напорите кои ирачката Влада ги вложува за да го обезбеди враќањето во земјата на Ирачаните кои се наоѓаат во странство.

Шефот на ирачката дипломатија Хусеин, од своја страна, ја поздрави посетата на Гутереш на Ирак.

„Нашите односи со ОН се силни. Со генералниот секретар на ОН ќе имаме можност да се осврнеме на внатрешните прашања, како и на регионалните и меѓународните прашања“, додаде Хусеин.

Во рамки на посетата на Багдад, Гутереш се очекува да се сретне и со ирачкиот претседател Абдуллатиф Рашид, ирачкиот премиер Мухамед Шија ал-Судани, и со други владини претставници.

TRT Balkan / агенции
Популарни