Германското Министерство за одбрана денеска соопшти дека земјата ќе и помогне на Чешка да го зголеми доставувањето муниција за Украина со финансирање нa набавка на 180.000 артилериски гранати.
Оваа помош е вредна 576 милиони евра, а минатиот месец министерот за одбрана Борис Писториус најави пакет помош за Украина во вредност од 478 милиони евра.
Така, вкупната вредност на мерките за поддршка е над една милијарда евра“, изјави портпаролот на Министерството.
Чешкиот премиер Петр Фијала на 8 март изјави дека преку чешката иницијатива се собрани доволно средства од сојузниците за купување на првата серија од 300.000 артилериски гранати и дека вкупно 800.000 од тие гранати се достапни во трети земји.
Чешкиот претседател Петр Павел потоа додаде дека на располагање се 500.000 куршуми од 155 милиметарска муниција и 300.000 куршуми од 122 милиметри, кои може да се испорачаат кога ќе се обезбедат средства.