Германија најави нов пакет воена помош за Украина / Photo: AA

Од почетокот на руската војна, Германија на Украина и испрати оружје во вредност од 17,13 милијарди евра.

Германската влада најави нов пакет воена помош за Украина, вклучувајќи и испорака на 105 тенкови Леопард 1А5 и 30 пешадиски борбени возила Мардер, објавија во средата локалните медиуми.

Германија и минатата година и обезбеди на Украина 30 Леопард 1, 90 пешадиски борбени возила Мардер и 18 тенкови Леопард 2-А6. Поголемиот дел од нив се на поправка во Литванија.

Ветените 30 тенкови Леопард 1 доаѓаат од старите индустриски резерви на Бундесверот и моментално се целосно ремонтирани од германската компанија за оружје, Рајнметал.

Според веб-страницата на владата, Германија, исто така, планира да испорача уште 15 противвоздушни тенкови Гепард и девет системи за воздушна одбрана ИРИС-Т СЛМ за заштита на украинските градови од руски ракетни напади.

Од почетокот на руската војна, Германија на Украина и испрати оружје во вредност од 17,13 милијарди евра.

Во меѓувреме, САД обезбедија оружје и други материјали во вредност од 43,86 милијарди евра, а Велика Британија е на трето место со оружје во вредност од 6,57 милијарди евра испратено во Украина.

Минатиот месец германскиот канцелар Олаф Шолц објави дека наскоро планира да склучи безбедносен договор со Украина, но не прецизираше временска рамка.

Германија, исто така, постигна напредок во обезбедувањето нови видови оружје.

Минатиот месец, германското Министерство за одбрана објави дека за првпат ќе и испорача на Украина шест деактивирани воени хеликоптери Си Кинг Мк41.

AA
Популарни